});

Колку промената на името на државата ќе се одрази врз македонските брендови?

Промената на државното име нема да предизвика промена само на институционалните имиња, туку ќе се одрази и врз македонските брендови.Тоа не смееме да го дозволиме, заветот на нашите претци мора да го сочуваме ,вели најмладиот продолжувач на занаетот за изработка на охридски бисер Михајло Филев.

– Јас како 4-та генерација на нашиот 100 годишен бренд сум сведок дека охридскиот бисер преживеал многу општествени, воени, политички претумбации како 1-ва светска војна,2-ра светска војн,а распадот на Југославија.Па ние имаме веќе 3 различни сертификати од 3 различни општествени системи.Мораме да мислиме на се’, со тоа да се заштити и Македонија и брендовите и се она што е култира и што сме опстоиле.-Изјава Михало Филев.

Охридскиот бисер е посебен бренд кој е заштитет во три фази:има географско име со одредница како што е Охридското езеро,имаме право на овластен корисник кој го употребува името охридски бисер и Република Македонија а згора на тоа поседуваме и меѓународна заштита-појаснува Филев.

Од  Државен завод за индустриска сопственост,уверуваат дека нема да дојде до промена на ознаките на македонските брендови.

– Со промената на името нема да дојде до, не би требало да дојде до промена на овие ознаки на потекло.-Изјава Симчо Симјаноски-Државен завод за индустриска сопственост.

Во Македонија,до сега се заштитени 42 ознаки на потекло од нив 5 се заштитени и меѓународно а тоа е охридскиот бисер, македонскиот ајвар, две врти на вина и кочанскиот ориз.

 

 Росица Голабоска