Колку е безбедна храната што ја јадеме?

Државата издвојува минимални сретства за испитување на квалитетот на храната која ја јадеме-ценат домашните експерти.Тие не се осудуваат да кажат, колку е таа безбедна,бидејќи како што тврдат,процентот на испитана храна кај нас е незначителен.

Иако велат, надлежните институции стојат зад фактот дека јадеме здрава храна бидејќи постојат лабаратории кои се трудат да работат по референтни методи,кај нас има многу производители на храна од мали и микро претпријатија до многу големи компании ,а оние кои треба да го контролираат нивното работење, не можат да земат проби и мостри од сите нив.

„Тоа е огромна работа и огромни трошоци се во суштина, затоа се земаат примероци 2 % начесто на ниво на цела земја.Но не знам колку е тоа доволно да се докаже дека храната е сигурна или безбедна.

Државните органи со тие капацитети и финансиските сретства кои ги имаат на располагање, толку можат-вели Какуринов. Додава дека сме имале проблеми со квалитетот на месото,млечните производи,зеленчукот, па дури и со минерална вода,нагласувајќи дека со истите потешкотии се соочуваат и западните земји но мерките кои се превземаат таму и во нашата земја, се различни.

И, можеби единствената разлика е што тие навистина се казнуваат.Ако се открие проблемот треба да се реши проблемот, ако проблемот предизвика заболување или смрт навистина треба да се казни за да поотрошувачите знаат дека некој се грижи до крај за потрошувачите, изјави проф. д-р Владимир Какурнов-Консалтинг центар „Клуч“.

„Повеќето компании сакаат да нагласуваат дека имале локална традиционална храна, ама никој од компаниите не дава потврда дека постои таква храна ,само кажуваат без никаква научна поткрепа.
Како резултат меѓу другото и на нездравата храна,бројот на малигни заболувања на гастроинтестиналниот тракт кај нас е драстично зголемен“, рече Радован Касарда-генетиар.

„Имаме зголемување на бројот на пациетни со малигни болести особено на дебелото црево што е резултат на несоодветната исхрана.Е сега дали тука има улога генетската храна ,дали тука има улога начинот на кој што ние живееме“, изјави д-р. Џенгис Јашар- универзитетски професор.

Параметрите говорат дека во последниве 2 децении бројот на заболени од рак на дебело црево е тројно зголемен. Во период од 95-та до 2000-та година имало околу 100-тина пациенти со карционот на дебело црево,а лани тој број изнесувал околу 500 ново заболени.

Росица Голабоска