Кои предмети изгореа во судската архива во Куманово?
Во кумановскиот суд се уште чади по пожарот кој ноќеска по полноќ избувна во подрумските простории каде се чуваат стари судски предмети.
На терен интервенирале два камиони и седум пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
– Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е на терен, велат од ЦУК.
Во зградата се наоѓа и основното јавно обвинителство како и неколку јавни претпријатија. Судот во Куманово се наоѓа во непосредна близина на полициската станица и на зградата на општина Куманово.
Пожарите станаа честа појава во државни институции. Претходно изгореа документи во Министерството за правда, потоа пожар имаше во Инспекторат за животна средина, гореа бараките на поранешниот суд за прекршоци, а петходно изгоре и шалтер салата во Македонски Пошти.