Кого сакаат соседите: Грција и Македонија „го поделија“ српското општество

Граѓаните на Србија намногу ги сакаат Грците, Црногорците и Македонците, додека најнегативно мислење имаат кон Хрватите, покажува истражувањето на агенцијата „Фактор плус“.

Истражувањето објавено минатата недела се фокусирало на односот меѓу српскиот и албанскиот народ, перспективата на тој однос, спорните прашања, но и можностите на полето на соработката.

Ова истражување покажува дека длабоките историски трауми, стереотипите, но и нерешеното прашање меѓу Косово и Метохија и ставовите на политичарите влијаат на односот меѓу Србите и Албанците, пишува Блиц.

Според резултатите од истражувањето полнолетните испитаници, поточно 43% од нив најпозитивно мислење имаат за Грците, додека пак повозрасните од 50 години на прво место на листата на најпријателски народи ги ставаат Македонците. За младите, после Грците, најомилени се Црногорците, а позитивно мислење во Србија има и за Унгарците, но и за Бошњаците.

На листата на народи кон кои Србите имаат негативно мислење, после Хрватите доаѓаат Албанците (33%), додека пак меѓу Албанците негативното мислење за Србите е 68%.