Ковачки за Алфа: Наместо да работат и да го проверат случајот „Соравиа“ – институциите си ја префрлаат одговорноста, тие се во едно мртвило
Наместо да работат и да го проверат случајот „Соравиа“ – институциите си ја префрлаат одговорноста, тие се во едно мртвило, вели во гостувањето на „За или Против“, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување на Алфа.
Мора да се испитаат трансакциите. Како тоа немало трансакции, а е купена „Соравиа“, вели Ковачки во гостување на Алфа. Тој јавно праша нНа кој начин е купен бизнис деловниот објект „Соравиа“? Како може фирма со загуба да купи центар од 30 милиони евра. Од каде се тие пари? На тоа треба да одговори премиерот. Тој мора да одговори на јавноста, не смее да бега. Тој го предложи Оливер Спасовски за министер за внатрешни.

Јавниот обвинител е предлог на ДУИ, близок пријател на фамилијата Ахмети. Ние не видовме Владата, премиерот јавно да го повика Али Ахмети да каже јавно што е проблемот, јавно да каже за што се работи, а не да се кријат сите. Ако јавноста лаже, нека кажат тие што е вистината, а не да бегаат од одговорност, вели Ковачки во гостување на Алфа.
Тој додава дека одговорност мора да има, и тоа час поскоро, ако нема, вели ќе си ја изгубиме сопствената држава.
Ова е фотографија во домашна атмосфера на која се сликани братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети и Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

- Имајќи ја во предвид оваа фотографија која е направена во домашна опуштена атмосфера, може да се заклучи поврзаноста и блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети, и сосема е јасно зошто ЈО со денови молчи и не смее да отвори постапка како тоа внукот на Али, Дрин Ахмети, се стекнал со 39% од деловниот центар „Соравиа“ без да плати ниту денар.
Соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да отпочнат постапка е смешно и трагично истовремно, а уште е потрагично тоа што обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал. Па што е поочигледно од тоа внукот на Али Ахмети, политичар од кого зависи владата, да добие 39% од деловен објект вреден 30 милиони евра, праша Ковачки и уште еднаш побара иституциите да се разбудат и да поработат.