НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ковачевски: Честит и вековит нека е големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Честит и вековит нека е големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Вербата во добрината, почитта, љубовта и разбирањето, грижата, посветеноста кон сплотеност, што ги симболизира овој голем ден посветен на Мајката Божја, нека бидат инспирација и поттик за сите, да продолжиме заедно и солидарно да градиме перспективно општество, дом на спокојни и среќни луѓе.За многу години празникот.