Ковачевски се чуди зошто нашите институции не пронашле криминал кај Мерко, од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа да не се прави дека е од Марс

Како институциите од САД виделе дека има корупција, а Македонските институции не – Премиерот Ковачевски  како штотуку да стапил на функција  изненаден од функционирањето на македонскиот правосуден систем . Иако речиси и да нема извештај од меѓународна институција која НЕ упатува критики за македонското правосудство и владеењето на правото, Премиерот сега,  по Црната листа од Стејт Департментот се сети дека на македонскиот правен систем му бил потребен, како што рече,  итен ремонт.

Ковачевски им порача и на советниците во Општина Струга, добро да размислеле за идната соработка со актуелниот градоначалник Рамиз Мерко.  Во однос на мандатот на Мерко, тој сам ќе треба да даде одговор дали ќе продолжи на функција.

„Наводите за ставање на црна листа на градоначалникот и неговото семејство се сериозни. Станува збор за неколку основи. Пораката е дека нашите институции треба да ги испитаат наводите на Стејт департментот и да се запрашаат како САД дошле до такви информации на кои ја базирале нивната одлука, а се наоѓаат на неколку илјади километри оттука, а нашите институции не дошле до такви податоци изминатите години“, вели Ковачевски.

Ковачевски да одговори чив пион е обвинителот Јовески, а не да ја префрла вината на обвинителството , реагираат од ВМРО – ДПМНЕ . Од опозицијата посочуваат дека Ковачевски треба да побара Мерко да си поднесе оставка, а не да продолжи да ја врши функцијата .

Кој е на власт последните 6 години?  Кој велеше дека ќе донесе живот и правда за сите? Чив човек и пион е првиот обвинител Љубомир Јовевски? Глумењето паднат од Марс на Ковачевски е навреда за интелигенцијата на народот, велат од ВМРО – ДПМНЕ

Инаку, градоначалникот на Струга во јавноста е препознатлив по трошење на големи суми државни пари. Во 2018 та со пари од општината си купи автомобил Ауди А6 и 4 шкои во вкупна вредност од 114.000 евра .

Лани, со амин на советниците од ДУИ и СДСМ во годишниот буџет на Општината, си обезбеди вкупно 81.300 евра за репрезентација за себе и за локалнатта самоуправа. Од овие пари,лично тој на располагање имаше 48.800 евра.

Мерко не штедел ни на гозби. Според податоците на отворени финансии, минатата година само за период од 6 месеци пред две години  на три угостителски објекти им исплатил над 9 илјади евра. Во еден ист ден , се случувало таткото на Струга да потроши над 2.000 евра во КАФЕАНА  Во 2020  Мерко, пак си потрошил 27.500 евра, од општинскиот буџет, или неделно над 2.000 евра на гозби и гоштевања. 

Кристина Алексиеска

Advertisements