Ковачевски продолжува да шири неточни информации околу изборот на медиуми што ги однесе во Рим

Алфа не била доволно гледана и затоа не била поканета во Рим како што беше случај со сите други национални телевизии. Премиерот Димитар Ковачевски ги повтори лажните инфомации што како одговор ги добивме од владината прес служба.

Беа национални телевизии и со оглед на ограничените можности дека не може сите да одат, како и дека се искористени официјалните мерења на рејтинзите. Меѓутоа тоа не значи дека во иднина, на други настани, нема да бидат вклучувани и други медиуми.

Премиерот а претходно и Владата се повкуваат на бројките од официјалниот извештај на Агенцијата на медиуми, но во него Алфа има поголема гледаност од други телевизии кои беа поканети.
Официјалното мерење од меѓународната независна агенција Нилсен, пак, покажува дека Алфа е третата најгледана телевизија во Македонија со континуиран раст на рејтингот.

На овој однос од Владата реагираа и од Здружението на новинарите, Синдикатот на новинари, како и од Советот за етика во медиумите.

„Овој селективен пристап на Владата, без никакви критериуми, може да се толкува и како фаворизирање на конкретните медиуми“ се наведува, меѓу другото, во реакцијата од ЗНМ, ССНМ и СЕММ.

Инаку ова не е прв пат владините функционери да ја игнорираат Алфа. Пред точно една година и посетата македонскиот претседател на италијанската престолнина мина без покана за нас. Од неговиот кабинет подоцна се извинија, станувало збор за логистички и технички пропуст.

Односот на власта кон Алфа беше и дел од последниот извештај на Стејт Департментот, кој ги нотираше притисоците кон нашиот медиум. Беа нотирани истрагите и редовните посети на УЈП, МВР и финансовата полиција, кои сепак не успеаја да најдат ништо незаконско во работењето на телевизијата.

Новинар: Никола Цветкоски

Поврзани вести