Ковачевски пиун на Ахмети и Груби- кој ги контролира министрите во Владата- премиерот или ДУИ?!

Димитар Ковачевски наликува на обичен пион на Али Ахмети и Артан Груби. Не смее да го разреши ниту министерот кој барем според зборовите на владинтие функционери од СДСМ го лажел премиерот во очи. Крешник Бектеши останува на функцијата министер за економија и покрај тоа што на владина седница пред неговиот барем на хартија шеф Ковачевски, излажал дека Управниот суд ја задолжил Владата да ги спои концесиите за рудникот Иловица- Штука. Според аналитичарот Благојче Атанасоски тоа што Бектеши се уште е на функција, покажува дека единствено важно на Ковачевски му е да има мир во коалициониот брак со Ахмети.
-Премиерот како прв извршен министер, кој ги назначува, именува и разрешува министрите под него, апсолутно без размислување треба да го разреши министерот за економија по ваков скандал, бидејќи брутално ги лажел неговите колеги министри и неговиот претпоставен премиер Димитар Ковачевски, но гледаме молк од премиерот за жал за т.н. мир во коалицискиот брак или мир во коалициската куќа меѓу СДСМ и ДУИ, изјави Атанасоски за Алфа.
Според Атанасоски очигледно за министрите од ДУИ, Ковачевски воопшто не е шеф, тие за своите постапки најверојатно отчет си даваат само пред вечниот лидер на интегративците Али Ахмети или можеби и првиот вицепремиер Артан Груби. Со ова претходно и се фалеа неколку функционери од ДУИ, велејќи дека не треба за својата работа да одговараат пред премиерот, туку пред својот шеф Али Ахмети.
-ДУИ е политичка партија која се однесува како да не е од власта, односно е сама за себе власт и прави работи кои апсолутно не се во координација со останатите колеги министри и со премеирот како извршен прв министер. Гледаме за жал, веројатно и министрите на ДУИ реферираат кај Али Ахмети или Артан Груби, како нивни вицепремиер или втор премиер, односно Димитар Ковачевски не го легитимизираат како премиер, изјави Атанасоски.
Многумина изразуваат сомнеж дека во овој случај се работи за коруптивен криминал, односно бизнис зделка на релација ДУИ- СДСМ. Според Атанасоски за ваков скандал во секоја нормална европска држава, каква според реториката на власта сака да биде Македонија, барем министерот Бектеши би си поднесел оставка, но оставка треба да си поднесе и целата Влада.
Матеја Петровски