Ковачевски од Берлин: Очекувам пратениците да покажат државничко однесување за уставните измени, Шолц гарантира дека нема да има нови услови за Македонија

Уставните измени се подготвени од министерството за правда и тие ќе бидат ставени пред пратениците – најави од Берлин премиерот Димитар Ковачевски. Тој рече дека тие не престставуваат никакво идентитетско пашање. На прес конференција по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц порача дека гласот во македонскиот парламент за уставните измени е глас за европската иднина на Македонија. Шолц пак гарантира дека нема да има други билатерални услови за Македонија и повика да се усвојат Уставните измени во Парламентот.

  • Навистина ме радува што денес сум во официјална посета на Сојузна Република Германија и ја користам оваа прилика, да се заблагодарам за поканата од страна на канцеларот Шолц и укажаното гостопримство, овде во Берлин, изјави премиерот.

За кратко време ова е втора официјална посета меѓу нашите земји на премиерско ниво и е силен показател за исклучително добрите односи меѓу Македонија и Германија. На последната средба во Скопје минатата година, истакнавте дека ја имаме Вашата целосна и недвосмислена поддршка во евроинтеграцискиот процес, и тоа го покажувате секојдневно во пракса, за што ја имате нашата благодарност, рече Ковачевски.

Во продолжение еве дел од изјавите на премиерот и на германскиот канцелар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста