Ковачевски не ја прифати понудата: Активна блокада на Собранието за спас од национална катастрофа

Активна блокада на Собранието за спречување национална катастрофа.

Премиерот Димитар Ковачевски не ја прифати отворената рака за лидерска на која ќе се договори датум за предвремени парламентарни избори. Тоа резултираше со најавената блокада на работата на Собранието. Координаторот на пртеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски од собраниската говорница порача дека оваа блокада нема да значи молчење пред штетните политики на власта.

-Активна блокада за спас на економијата, активна блокада за спас на енергетиката, активна блокада за спас на земјоделците,  активна блокада за спас на сите граѓани. Национална катастрофа сте вие, ова што се случува во државата е национална катастрофа. Ќе бидеме активно присутни тука, ќе бидеме присутни за сите штетни политики кои што планирате да ги спроведете, да ги спречиме. Затоа што граѓаните, Македонија го бара тоа, изјави Мицевски.  

Пратениците на власта бараат народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ, да не земале плата додека трае блокадата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, реши да се фати за делот дека опозицијата имала пари да испечати транспаренти.

-Јас знам дека вие како една од најбогатите партии во светот и најбогата партија во Европа имате пари за транспаренти, транспаренти да печатите  и да печатите да излегувате и што сакате да правите, ама ова што го кажувате и го предизвикувате е едно обично ливче на кое ќе се потпишат 20 пратеници и треба да има 61 пратеници, ама пошто вие немате 61 пратеник, може да излезете како сега 30 што излеговте и нормално за распуштање на Собранието треба 61, изјави Митревски.

Одлуката за блокада на Собранието предизвика и пожестока дебата меѓу собранискиот спикер Талат Џафери и Мицевски.

-Очигледно спремни сте дошле на седницата, затоа што службите веднаш ви поделија материјал кој што вие го читавте, кажа Мицевски.

-Нормално дека сум спремен секогаш на седница спремен, не доаѓам како вас. Што мислите вие на пазар сум, порача Џафери.

Опозицијата најави дека оваа блокада не значи дека нема да учествуваат во гласањето на суштинските закони за поддршка на граѓаните. Блокадата на Собранието де доби поддршка ниту од коалициониот партнер на СДСМ. Од ДУИ порачуваат дека ваквиот потег  на ВМРО-ДПМНЕ бил саботажа на граѓаните.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста