Ковачевски нема проблем да биде „северномакедонски“ премиер

И премиерот нема проблем да биде северномакедонски. Претседателот на владата, Димитар Ковачевски си го сподели твитот на Бугарката Кристалина Георгиева – директор на ММФ, во кој таа го претставува како северномакедонски премиер. Но наместо да ја корегира Георгиева, премиерот по истите постапки како и неговите колеги во Владата: Со молк прифаќаат да бидат северномакедонци.

Таков беше случајот и со вицепремиерот Бојан Маричиќ кога не се осмели ниту да и укаже на министерката за европски прашања на Финска.

Претходно станавме Северномакедонци со северномакедонски партии, а добивме и северномакедонски претседател откако Си- Ен- Ен, така го потпиша Стево Пендаровски..

А затоа што идентитетот ни беше загарантиран, Северномакедонци во два дена два пати не нарече и францускиот претседател Емануел Макрон.

-Ќе продолжиме со тоа, се водат преговори со бугарската и северномакедонската страна со цел да го решиме тој договор во следниве неколку денови и сите се подготвени да се формализира одлуката, би сакал да се заблагодарам на бугарскиот премиер коалиционите партнери и опозицијата кои гласаа тоа да помине, честитки за Северномакедонците, имаат уште работа, но напредокот е сепак значителен, изјави Макрон.

За источниот сосед поточно за премиерот во оставка, Петков и партиите ни станаа Северномакедонски ама тоа на македонската влада очигледно не и пречи.

-Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада. Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес, изјави Петков.

Но ова не се единствени случаи. Македонскиот министерот за надворешни работи мораше да ја објаснува својата преведувачка бидејќи таква била германската терминологија.

Дали има посебна северномакедонска нација, посебна од бугарската и дали постои бугарско малцинство оти тоа би значело  оти тоа би значело дека постои посебна северномакедонска нација? Преводот е погрешен, оти таква е германската терминологија, изјави Османи.

Северномакедонци станавме и за поранешниот генерален секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон.

-Храбрите и талентирани Северномакедонци, ни порача тој.

Иако во Преспанскиот договор јасно е напишано дека сме Македонци кои говорат македонски јазик, сепак за светот се почесто стануваме Северномакедонци, а Илинденска молчи.

Викторија Миткова

Поврзани вести