НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ковачевски на седница гласал за преименувањето на улицата Втора македонска бригада во Адем Демачи

Советниците на Град Скопје, Владата и општините кои дале амин ја прекрстија улицата Втора Македонска бригада во Адем Демачи и создадоа лавина реакции во јавноста за борците кои го загубија животот во борбите со бугарскиот окупатор. Иако премиерот Димитар Ковачевски рече дека требало нова улица да го носи името на Демачи, така не мислел на владина седница пред две години.

. Очигледно, улицата со името на Адем Демачи не му пречел само нему, туку ни на министрите на седницата, ниту на советниците од Град СКопје. На владина седница, по предлог на советниците од градот и комисијата за преименување на улици, била доставена листа со новите имиња. Списокот поминал на седницата, а потпис ставил и премиерот Димитар Ковачевски, во својство на заменик министер за финансии, обвинува ВМРО ДПМНЕ.

Името на улицата Адем Демачи е на предлог од граѓаните, вели поранешната престседателка на ОСветот во Град СКопје, од редовите на СДСМ, Љубица ЈАнчева. Таа појаснува дека предлогот сепак поминал низ сите филтри и советниците на Град СКопје го зигласале новото име на улицата.

ТЕЛОП: Љубица Јанчева, поранешна претседателка на Град Скопје

Во листата со имиња се сите предлози од граѓани од 2012 до 2021 година. Комисијата за именување на улици, мостови и др.објекти, составена од членови на совет од сите партии, листата ја доставува до сите општини во Град Скопје за мислење а потоа и до Владата, по што ( откога ќе се добие позитивно мислење) Комисијата, доставува Предлог – Одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје, како точка на дневен ред на седница на Совет, по која се гласа

Името Адем Демачи одекна во јавноста откако главна звезда на преимнувањето на чаирската улица беше косовскиот премиер Албин Курти. Не само Чаир туку и Тетово за време на посетата на КУрти личеа како да не се дел од МАкеоднија, туку Албанија и Косово.

Албанска химна и песни, развиени знамиња со двоглавиот орел, па дури и знаме на Голема Албанија, го отсликаа гостувањето на Курти.  Немаше ниту превод и ниту една буква на македонски јазик, дури ни во официјалните обраќања. Прославата  за преименувањето на улицата и концертот во име на премиерот во Тетово поминаа без ниту едно македонско обележје, за што целата јавност реагираше.

Адем Демачи е истакнат косовски борец кој дал придонес за незвиснот на КОсоово и се залагал за Голема АЛбанија. Со Макеоднија нема никаква врска, освен што во СКопје ги завршил студиите. За борците од Бригадата кои го дале животот за ослободување на Македонија од бугарскиот окупатор веќе не постои улица во нивна чест.

Паула Костадиноска