Ковачевски најде рецепт како да му удоволи на Груби- договорот не бил државна туку деловна тајна

Ковачевски по теркот на Груби. Иако партијата на која премиерот и е лидер вчера најави дека македонската јавност ќе го види контроверзниот договор за проектот со Бехтел и Енка, сега Ковачевски ретерира. Нема во целост да го сокрие договорот, но деталите ќе станеле достапни но само за институциите. Договорот не бил државна тајна, ама имал доверливи информации и затоа наместо граѓаните единствено ќе можеле да го прочешлаат институциите .
– Се работи за договор каков што ЈПДП има склучено и со други изведувачи, овојпат се склчува договор за проектирање и изведба. Во тој договор, како и во секој друг, има ниво на доверливост. „Бехтел и Енка“ нормлано не сакаат такви деловни тајни да бидат достапни на пошироката јавност. Но, не значи дека со одредени процедури не е достапен, рече Ковачевски.
Во два дена ова е трет различен став од власта која исплете пајакова мрежа од договорот со американско турскиот конзорциум. Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски пред новинарите среде Собрание уверено вети дека договорот за многу краток период ќе биде ставен на увид на јавноста. Во исто време кога вицепремиерот Груби на брифинг пред новинарите тврдеше дека договорот ќе остане тајна оти бил класифициран. Ваквиот заплет отвора дилема кој ги дава наредбите во Владата. Дали Груби, или Ковачевски кој постапи спротивно на партискиот став. Ковачевски тврди дека работел по Уставот.
Јас сум претседател на Владата, не се работи по наредби се работи по Уставот и Законите, рече Ковачевски.
Власта не го објавува договорот во јавноста, а не се откажува и од процесот на промена на дузина закони по теркот на Бехтел и Енка по скратена постапка. Опозицијата обвинува дека власта свесно скроила договор со обврска за исплата на пенали од народни пари. Инсистираат пратеницитед а го видат договорот, а преку амандмани бараат промена на предлозите, како на примњер оној кој се однесува за воведување 60 часа работна недела. Она што дополнително ги крева тензиите е ставот на Груби кој јавно се закани дека ако немало работници кај нас Бехтел и Енка самите ќе си донеле. Тоа го повтори и Ковачевски кој уверува дека секој работник доброволно ќе одлучувал дали ќе прифати да работи 60 часа или не.
Кристина Алексиеска