Ковачевски контра критиките од странските амбасадори: Се бореле со корупцијата и спроведувале мерки

Премиерот Димитар Ковачевски контра нашите стратешки партнери. Наспроти острите критики од меѓународниот фактор за лошите резултати во борбата против корупцијата, претседателот на Владата упорно уверува дека преземале конкретни мерки. Сепак, состојбата со корупцијата во земјава е аларманта, за тоа не критикуваат само нашите домашни експерти, туку и европскиот и американскиот амбасадор. И наместо владата конечно да ги земе овие изјави предвид, повеќе се насочува кон уставните измени кога е во прашање членството на Македонија во ЕУ, како тоа да е единствениот проблем. Ковачевски постојано зборува за големата маса во Брисел, но се поставува прашањето, кој ќе не сака во Брисел со толку високо ниво на корупција, и речиси никакви реформи во правосудството. Премиерот се правда дека сите прашања околу борбата против корупцијата биле адресирани во програмата на Владата и институциите, како и во законските решенија кои се носат во Собранието.

Основна работа при борбата со корупцијата е непреченото и независното функционирање на институциите. Број два, е интегритетот и професионалноста на оние кои ги водат институциите и, број три, политичка волја на тие кои учествуваат во работата на институциите за борбата против корупцијата да биде на највисоко ниво. Кога зборуваме за борба против корупција, јас не мислам само на корупција на високо ниво, туку на корупција на сите нивоа во општеството. Значи, од најнискиот шалтер во општеството во некоја локална самоуправа до највисоки нивоа на корупција, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција во Владата.

И Љупчо Николовски гледа со поинакви очи на состојбата со корупцијата. Како поранешен вицепремиер за борба против корупција, го прашавме зошто неговата работа не даде резултати. Прво не сакаше да одговори, после застана на говорница со образложение дека ќе ја искористел можноста да се пофали што се сработил како вицепремиер.

Дека сме далеку од целта, покажува пораката на американската амбасадорка Анџела Агелер дека Македонија има сериозен проблем со корупцијата, кој не кочи на патот кон ЕУ. Меѓу последните критики беше и онаа на Дејвид Гир кој зборувајќи за правосудството ни замери дека ЕУ вложила многу пари за реформи, но резултатите биле разочарувачки.

Адријана Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести