Ковачевски како „Џедај“: Го менувал Кривичниот законик затоа што претходниот го напишал „Дарт Вејдер“

Кривичниот закон бил направени од Дарт Вејдер на македонското правосудство па Ковачевски морал да го менува. Премиерот вака ги правда измените во кривичниот закон кои биле од комунистичко време. Критиките од Европската комисија не допираат до претседателот на Владата.
- „Тоа што претходно ние имавме закон во кој што казните беа од некое комунистичко време, бидејќи беа направени од јас го нарекувам Дарт Вејдер на македонското судство и Обвинителство, тоа не значи дека тие работи не треба да се променат. Но, што се добива со нив, прво воведена е проширена конфискација“, рече Димитар Ковачевски, Претседател на Влада.
Инаку, вчера Европската комисија остро реагираше дека измените на КЗ се избрзани и со злоупотреба на европското знаменце кои директно ќе влијаат врз повеќе случаи за корупција на високо ниво и нивно застарување. Според Ковачевски не се говорело за злоупотреба туку употреба на европското знаменце кое ја крати собраниската процедура.
Од друга страна, опозицијата е децидна дека нема простор за никаква комуникација и преговарања со Владата и во односно на најавените измени во кривичниот закон и законот за амнестија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден дека поддршка од опозициските пратеници за овие измени ќе нема.
- „Тој закон кој што е предложен, а од вчера и на јавноста достапен е Закон за амнестија на криминалци за кои одредени политички партии во минатото даваа ветување дека или ќе бидат ослободени целосно или делумно. За жал, тие политички партии или дел од тие полтички партии денеска се од владата и можете да видите дека таквиот закон не одговоара ама буквално ниту на потребите, ниту на очекувањата на граѓаните и во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го поддржи овој Закон за амнестија, туку и истиот, преку демократски алатки, ќе го блокира“, рече Мицкоски.
Законот за амнестија кој е во фаза на подготовка во Правда. Кренар Лога демантираше дека амнестијата ќе ги опфати осудените за организираниот напад на собранието на 27 април 2017 година, кога речиси до смрт беше претепан и повреден поранешниот лидер на Aлијанса за Aлбанците Зијадин Села, од која партија е и министерот за правда. Казните и според овој предлог за амнестија ќе бидат намалени за 30 отсто на оние осуденици кои исполнуваат услови, па оттаму, ќе има голем број кои веднаш ќе си одат дома по стапување на законот во сила. Некои што се осудени до 6 месеци за поситни кривични дела, нема ни да влезат во затвор.
Викторија Миткова