Ковачевски и Таравари се видоа, ама уште не се договорија за влез на Алијанса за Албанците во Владата

Прво да се усогласи програмата на Алијанса за Албанците со програмата на Владата, а дури потоа ќе се преговара за евентуални кадровски решенија. Пред да влезе во Владата, на средба со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на партијата Арбен Таравари откри само еден од петте програмски приоритети – оној за пакетот мерки за борба против корупцијата и криминалот. Тој негираше дека денеска ќе се разговарало за министерски позиции.

Неконкретен беше и премиерот Ковачевски кој околу денешната средба со Таравари само рече дека ќе разговараат по однос на политичките, програмските определби за идна можна соработка, евроинтеграциите, енергетската криза, како и носење реформски закони. После денешната средба ќе заседава Извршниот комитет на владејачката СДСМ.

Веќе подолго време се шпекулира дека Алијанса на Албанците најверојатно ќе добие три министерства во владата на Димитар Ковачевски. Со ресорите правда и здравство наводно ќе раководат кадри од Алијанса за Албанците, а од рокадата на министерствата меѓу СДСМ и ДУИ зависи дали третиот ресор ќе биде образование, екологија или земјоделство.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста