Ковачевски во Атина на средба со лидерите од Западен Балкан и Фон Дер Лејен

Процесот на уставните измени ќе биде една од темите на средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен во Атина.

Тие се во Грција на покана на премиерот Киријакос Мицотакис, кој на неформална вечера ги викна челниците на Унијата и лидерите од Балканот. Покрај вон дер Лајен, во Атина е присутен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и се очекува да се даде нов стимул за евроинтеграцијата на земјите од регионот.

Средбата се организира по повод 20 години од Солунскиот самит, каде падна договор регионот забрзано да се интегрира во Унијата. Но, засега во тоа успеаја само Бугарија, Романија и Хрватска. И нивни претставници се на вечерата. Според пишувањата на локалните медиуми Мицотакис сака да испрати порака дека Грција како земја-членка на ЕУ, ќе продолжи да биде водечка регионална сила која ќе го турка процесот на европеизирање на Балканот.

Advertisements