Ковачевски влегува во ќор сокак: Мора да ги прати уставните измени во Собранието, иако јасно е дека нема да поминат

Ковачевски влегува во ќор сокак. Уставните амандмани кои никој не ги видел ќе ги праќа во Собранието до крајот на месецов, иако јасно е дека нивното изгласување во овие моменти е невозможна мисија. Додека власта ги замајува граѓаните со уставните измени, опозицијата се окрупнува и подготвува за предвремени избори.
Според познавачите власта нема веќе простор за некаков маневар, а нема ниту време, бидејќи во ноември завршува скрининг процесот на Европската Унија. Според Александар Кржалоски Владата уште лани кога го прифатила Францускиот предлог – уставните измени требало да ги прати во Собранието, за да идат нештата појасни.
-Според требаше уште тогаш, уште веднаш да се почне или многу брзо после тоа, јас тоа и го кажував во своите изјави дека треба веднаш да се почне, до крајот на ланската година да завршиме и да видиме на што сме. Сега цела година се измачуваме со ова, а никој не се мрдна од своите позиции. Во секој случај, бидејќи веќе доаѓа крајот на скринингот во ноември, крајно време е да се направи ова, да се направи обидот, иако прилично е јасно дека нема мнозинство за тие да се изгласат.
Ова доаѓа во моменти кога првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ јасно порача дека прекинува секаква комуникација со власта и дека може да разговара единствено за избори. Според последнте изјави на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, фокусот на Мицкоски во следниот период ќе биде окрупнување на опозицискиот блок.
Предлозите за уставни измени се уште стојат во Владата. На која владина седница ќе бидат ставени се уште нема информација. Од таму добивме одговор – на една од следните седници, но не прецизираа на која.
Во меѓувреме Османи порача дека имал креативни маркетинг идеи како да ги убеди граѓаните колку се добри уставните измени. Што содржат истите би ставил на билборди низ државата, иако јасно е дека промена на уставот е невозможна без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.
Собранискиот спикер Талат Џафери порача дека ги очекува уставните амандмани во законодавниот дом, дури и дека пратениците нема да имаат одмор доколку тие пристигнат во текот на летово.
Матеја Петровски