Коалицијата Менуваме бара оставка од претседателот на Националниот сојуз на слепи лица

Тој што треба да се грижи за подобар живот на слепите лица во Македонија, тој ги злоупотребува и краде. Колицијата на слепи лица „Менуваме“ со тешки обвинувања за Претседателот на Националниот Сојуз на слепите Жарко Селковски. Велат дека парите наменети за слепите лица си ги користи за свои цели. Давал хонорари на лица кои не се членови на сојузот, изнајмувал канцеларии каде го  регистирал сојузот во четири очи, а не на тендер, ги злоупотребувал и службените возила наменети за слепите лица. 

Националниот сојуз на слепи на Македонија се финансира од страна на државата 17 милиони денари, кои што државата ги двои за потребите и за развојот на оваа категорија на лица со попречен вид. Истовремено овие финансиски средства не се наменуваат за нашите потреби. Исто така преку спортската федерација каде што 6 милини денари во рок од една година се потрошени за наводни шаховски цели или кампови а притоа се заборава дека битен фактор е на лицата со попречен вид да имаат ориентациони вежби, изјави Суарет Алишан од коалиција Менуваме


Поради неправилностите што ги откриле во работата на Сојузот на Слепи од Коалицијата Менуваме бараат претседателот Жарко Селковски да си поднесе оставка па тие да изберат нов претседател. Алфа проба да стапи во контакт со првиот човек на сојузот на слепи лица ама до почетокот на овие вести тој не одговори на нашите повици. Слепите во Македонија се соочуваат со многу проблеми и потешкотии. Десет години не добиле зголемување на додатоците за попреченост и за туѓа нега, а не добиваат ни помагала, за што бараат системско решение.

Бојана Златкова