});

Климатските промени го „изедоа“ медот

Минатата година се случи  суша, годинава обилни дождови што предизвикаа голем потрес врз пчелините семејства и  медоносните пчели. Последиците се,  помало производство и поскап мед.  Ова е резимето од почетокот на годинешната меѓународна манифестација, дваесет и прва по ред,  “Денови на македонското пчеларство“, што традиционално во октомври се одржува во Битола, а ќе трае три дена.

  • Најголем проблем се климатските промени и годинава, неколку недели не прекина да врне, баш во периодот кога требаше најобилно да се бере медот и тоа беше главен проблем за годинава- рече Никола Крстевски, пчелар од Битола.- Буквално, натчовечки напори правиме да ги одржиме во живот пчелините семејства и само се надеваме, ако не оваа година, си велиме другата, меѓутао мора да работиме пчелините семејства да останат во живот и да бидат во кондиција- рече Методија Трајковски, претседател на Здружението на пчелари “Нектар“ од Битола, кои се организатори на манифестацијата.

Вообичаено, кај пчеларите не владее некое големо единство за да се одбранат од нелојалната конкуренција, меѓутоа не добиваат поддршка ниту од власта.

  • Не сме баш единствени иако сме здружени во некои здруженија, Треба да имаме помош и од заедницата и од Владата, меѓутоа најмногу треба од стручните луѓе, бидејќи пчеларството во Македонија е во пропаѓање. Од горе до долу, сите не се заинтересирани оти пчеларството го сметаат за некаква си споредна работа- рече Раде Каранфиловски, поранеше претстедател на “Нектар“.

Во очекување власта да подаде рака во брендирањето на македонскиот мед, во моментов околу седум илјади пчелари со 250. 000 пчелини семејства, просечно произведуваат по само 7-8 кг мед од  пчелино семејство, што е четири пати помалку од европскиот просек. Затоа, пак, поради дефицитот цените вртоглаво растат со 350 денари за килограм конвенционален мед, а органскиот  достигна фантастични  петстотини денари.

 

Петар Стефановски