НАЈНОВИ ВЕСТИ

Клековски: Уставните измени се дефокус од коруптивните скандали

Во денешното гостување во „За или против“ на Алфа ТВ, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, вели дека не се точни изјавите оти владата била 24/7 посветена на уставните измени, бидејќи тоа време го троши на договорот со „Бехтел и Енка“, а не може на двете.

  • „Уставните измени се дефокус на јавноста од корупциските скандали, за тие да не излезат на површина“ – Смета Клековски.

Тој додава дека оправдувањата оти уставните измени се заглавени во административни процедури се лажни, затоа што уставни измени не зависат од администрација, туку од политичка волја и оти е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи.