Кисела Вода на нов протест: Уште колку деца треба да згазат на игла?

Наместо паркот да биде полн со дечиња кои среќно си играат, тој е преполн со игли и шприцеви.. Ситуацијата во скопска Кисела Вода е алармантна, Центарот за зависности им ја загрозува околината… Жителите се кренаа на нозе, за денеска најавија масовни протести , и се заканија дека доколку овој пат не се слушнат нивните барања нема да дозволат Центарот за зависници да работи…

Протест, недела 19 часот. Локација Пред Центар за зависници во Кисела вода

Уште колку деца треба да згазнат на игла за да се дисловира болницата? Веќе нема да чекање! За иднината на нашите деца, за нас и за нашиот дом се работи, цела Кисела Вода на протест! Доста се лажни ветувања и рокови веќе не чекаме!!! – Пишува во најавениот протест на граѓаните.

Жителите кои живеат во оваа општина велат дека ситуацијата е застрашувачка, зависниците од наркотици им правеле штета во домовите и ги ограбувале. Досега неколку пати имало и случаеви –  дете да се  боцне на веќе искористена игла.

Откако постои овој центар во нашата населба ни ветуваат дека ке најдат нова локација, ништо од тоа. Срамота! -зборуваат граѓаните пред камерата на Алфа

Протестот денеска започнува од 19.00 часот, жителите на Кисела Вода неколкупати  досега побараа дислокација на Центарот, но нивните молби не беа исполнети иако им беше ветено дека Центарот ќе се дислоцира до 5-ти мај годинава..засега ништо од оваа ветување на власта.

Министерот за здраство Венксо Филипче  и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски ветуваа дека во мај ке се најде нова локација за центарот ..Имаше обид да се   префрли  во Гази Баба. По оваа одлука, граѓаните од  Гази Баба излегоа на масовен протест, побараа процедурата да се стопира , а се заканија и со референдум. По извесен период, тие ја добија битката, па општинА Гази баба излезе со став дека ќе се послуша одлуката на граѓаните и Центарот за завинсици нема да биде во овој дел од градот. По бурните реакции на граѓаните, наредниот месец ќе се бара нова локација за оваа установа.

Јована Грчева