Кирков: Околу 200.000 евра седум месеци профитирала државата само од лентичките за мерење шеќер во крвта

Државата профитира на грбот на дијабетичарите. Илјадници пацинети поради доцнењето на тендерите за ленти за мерење на шеќерот во крвта, се приморани да си ги купат на приватно, а кутиите со ленти кои им следуваат и ги добиваат задоцнето, наместо на два месеци тие ги добиваат на седум, голем дел не ги подигнуваат. Калкулациите на Бојан Кирков пацинет со дијабет тип се дека околу 200.000 евра за седум месеци профитира државата само од лентичките за мерење на шеќер.

15 кутии со ленти јас ги немам добиено оваа година.Набаката на една кутија отприлика е едно евро, што значи 15 евра јас сум и поклонил на државата. Кога таа бројка ќе ја помножите со 5.000 дијабетичари се 75.000 евра заштедила државата од нас кои сме тип еден.Тип два дијабетичарите кои се на инсулинска терапија и ги следуваат истите лентички има околу 45.000 тие добиваат за овие шест месеци требало да подигнат три кутии, по едно евро се три евра..по 45.000 пацинети тоа се вкупно 130.000 евра. Мене не ми е јасно,како може да нема терапија?” – вели Бојан Кирков – пациент со дијабет тип 1.

На иста мака се и голем дел од пациентите со цистична фиброза кои имаат дијабетес. Па освен што се борат за лекот “трикафта”, чекаат со месеци ленти и апарати за мерење на шеќерот во крвта. Немаат ниту таблетарна терапија па мораат да купуваат од свој џеб и живеат благодарение на донации. Како дополнителен проблем го посочуваат и тоа што немале никаква обука за тоа како да се боцкаат со инсулин.

Јас искрено немав обука, како треба да го примам инсулинот разбрав од сестрата во инсулинската аптека.многу од другите пацинети кои се со цистична фиброза се на инсулинска терапија исто така немале обуки и е навистина голем проблем бидејќи станува збор за една сериозна состојба.Која мора соодветно да се третира”вели Ивана Атанасоска, пацинет со цистична фиброза.

Дијабетичарите бараат долгорочно и системско решение, а не дополнување на залихите само кога ќе се реагира преку медиумите.Тие се жалат дека оваа состојба го загрозува нивното здравје и бараат државата да најде начин секој пациент навреме да ја прима терапијата. Во меѓувреме, пациентите , се почесто, бараат помош преку социјалните мрежи.

Ања Лукарова

Advertisements