Кирил Петков крева раце од Македонија: Било каква одлука за нашата европската иднина ќе оди преку Парламентот

Кирил Петков крева раце од Македонија, секое решение во однос на блокадата кон нас, го префрла во рацете на Парламентот. Каков предлог и да има од било кого од Европската Унија, кој би бил надвор рамковната позиција на Бугрија, ќе мора да помине низ Парламентот, кој во 2019-та едногласно изгласа декларација за позициите кон Македонија и за условите кои мора да ги исполниме за старт на преговорите со Европската Унија.

-Да биде јасно секој еден предлог кое што се разликува од рамковната позиција да биде испратено веднаш во народното Собрание и да не се дава согласност додека се разгледува во народното Собрание и ако има негативно решение, автоматски да се даде негативен одговор. Со тоа мислам дека оваа дебата и таа тема, кој што може да направи би требало да заврши, тоа е решението на Владата, изјави Петков.

По сите шпекулации кои се појавија во јавноста, постои сомнеж дека ваквата реторика е со цел спас на Владата, откако Слави Трифонов ја напушти владината коалиција. Сепак во Бугарија се уште постои страв дека Кирил Петков бара начин како да биде крената европска рампа за Македонија. За ова нарекувајќи го македонскиот јазик таканаречен, предупредува и министерката за надворешни работи во оставка, Теодора Генчовска. Таа во пратениците во бугарското Собрание, порача дека Петков подготвил нова рамковна позиција, која е контра позициите на Бугарија.

-Содржината предложува ревизија на бугарската национална позиција. Во таа нова рамковна позиција не фигурира бугарската позиција по т.н. македонски јазик. Барањето на европски гаранции за исполнување за договорот од 2017-та станува незадолжително, изјави Генчовска.

Генчовска потенцираше и дека Петков му ветил на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, дека ќе ја тргнел блокадата за Македонија, што сепак не личи така, според последната изјава, дека без почитување на рамковната позиција на Бугарија, старт на преговори не може да добиеме.

Матеја Петровски

Поврзани вести