Киненова: Се бавиме со уметност, затоа го одбравме филмот на Бојаџи

Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА со поддршка за филмот на Јани Бојаџи, Ругање со Христос, кој беше оспоруван од министерсотвото за култура,па дури имаше и иницијатива да биде забранет за прикажување. Директорот на фестивалот истакна дека се бават со филмска уметност, а не со верска и национална омраза, па затоа и го селектирале филмот за прикажување на нивниот фестивал.

Првиот човек на Киненова, Небојша Јовановиќ, вели дека откако на 5 октомври, била одржана проекцијата на Ругање со Христос, тој како претставник бил повикан на судско рочиште за филмот на 8 октомври.

Критики до министерството за култура дадоа дел од балканските сценаристи кои се учесници на овој фестивал. Велат дека филмот е уметност, а уметноста не треба да биде ограничувана.

Иако државниот правобранител го повлече предлогот со кој бараше Основниот суд Скопје 2 да ги забрани идните кино проекции на филмот на Бојаџи, „Ругање со Христос”, поради говор на омраза и сега филмот ќе може да се прикажува низ киносалите во државата, сепак Бојаџи е скептик дека нема да биде повторно турнат на страна ,бидејќи киносалите кои се под покровителство на министерството за култура, велат дека немаат ниеден слободен термин за прикажување на неговиот филм, тврди Бојаџи.

Сепак тој вчера се огласи на социјалните мрежи и каде најави дека ќе се бори за победа.

Филмот е слободен! Сега останува борбата за нашата слобода! Продолжуваме да се бориме за слбодно прикажување на ,Ругање со Христос,, низ сите градови во Македонија! НО ПАСАРАН! Ќе победиме!, пишува Бојаџи на фејсбук.

Експертите од културната дејност остануваат на ставот дека се врши огромен притисок  врз уметниците, особено оние кои не се вклопуваат во рамката замислена од страна на власта.

Филмот “Ругање на Христос” веднаш откако доби награда на филмскиот фестивал во Монтреал кој е еден од топ 10 во светот беше дочекан на нож од страна на министерството за култура кое обвини за ширење на омраза.

Во 2007та година за обид на цензура на претставата ТИТО од Битолскиот театар, тогашниот министер за култура Илиријан Бекири како кадар од ДПА си поднесе оставка.

 

Мери Ѓорѓиевска