Во фокус: Пет години на власт, СДСМ и ДУИ не изградија ниту еден автопат

Со блех музика, оро и чочек, дотерани ко за на свадба, владини претставници, партиски членови, вработени во локалната самуправа на 23 април 2018 година свечено ја отворија делницата Демир Капија – Смоквица. Служевме за мајтап во регионот бидејќи министрите на чело со тогашниот премиер Зоран Заев за 28 километри автопат, направен од предходната влада, се пофалија дека после една година од нивното владеење, направиле пат по европски стандарди, кој пак додека беа во опозиција, остро го критикуваа. Во планот за живот СДСМ ветуваше 600 километри автопат, но по пет години не оставрија ниту 5 проценти од ветеното .

Во планот за живот во Македонија испланиравме нови 600 километри автопати, 550 км магистрални и 1000 км локални патишта, изјави Зоран Заев во предизборната кампања на 7.12.2016

Автопатот Кичево – Охрид се гради цели 8 години. Трасата од 57 километри досега чини 598 милиони евра, а рокот за изградба беше неколку пати пролонгиран. Последниот рок е до декември 2023 година.

Сега во моментот и  временските околности кога се работи за градежни работи, и временските околности имаат влијание на градежните работи, рече директорот на Ј.П за државни патишта на 3.10.2022 Ејуп Рустеми

И се се сведува на „ќе“ , па така доцни и изградбата на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце од цели два километри вреден 14,2 милиони евра. Иако  трасата требаше да е готова до јуни, изговорот е експропријација на земјиште. Пет години од ветувањето на Заев , Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред една недела најави дека сериозно се подготвувале за градежна офанзива како никогаш до сега .

Како никогаш досега се подготвуваме за изградба и за најголемата офанзива во дел на изградбата на патната инфраструктура, изјави Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Најдоцна до почетокот на  оваа година требаше да  биде завршена и реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир. За изградба на делницата од 13 километри беа склучени договори за заем и гаранција од 10 милиони евра од ЕБОР. Вкупната вредност на проектот е 12,4 милиони евра. Ветувањата беа дека до почетокот на 2022 ќе има комплетно нова патна врска кон Бугарија. Повторно ветено ама не сторено.  

Целиот коридор се реконструира и за година две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа која ја поврзува нашата земја со Бугарија и Аланија и обзбедуваме излез на  пристаништа Бургас на Црно Море и Драч на Јадранско море, рече Заев на 26.11.2020

Ниту излеговме на Црно ниту на Јадранско море. Повеќе од 14.000  километри   патна мрежа кои ги има Македонија се карактеризирани со дупки, не обележани, неосветлени патишта, а патувањето од еден до друг град е вистински предизвик. Така изгледа и превојот Плетвар кој е опасен за возење и во зима и во лето, а застоите и одроните речиси се секојдневие .

„Тоа е ветено многу одамна, дека ќе излегува од Езеро на автопат. И стварно жалосно е како не можат да изградат 5 км пат….“ – реагираат жители на Прилеп

Не е дека власта не гради и само се фали со туѓи проекти.  Автопатот „ Миладиноци кој го изгради претходната власт , оваа власт го „украси“ со две наплатни рампи на автопатот Миладиновци – Штип.  За оние на кои им била скапа патарината, Министерот Бочварски им порача да бараат друга алтернатива.

Според надлежните парите се вложувале во реконструкција на автопати, во кои не е јасно бидејќи граѓаните алармираат дека патиштата не се безбедни.  Дека граѓаните плаќат премногу покажува и официјалниот тарифник на АМСМ. Според  анализите, 2021 Јавното претпријатие Државни патишта ја заврши со рекордна наплата на патарини. Успеале да инкасират 46,6милиони евра , што е за 12,1милион евра повеќе во однос на 2020. И додека сите соседни земји се фалат со крупни инфраструктурни проекти Македонија остана слепо црево на Балканот со многу ветувања, а нула реализација.

Кристина Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести