КЗД – Судот го дискриминирал поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Никола Груевски

Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска.

Во мислењето на Комисијата е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Комисијата утврдила директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје.

Груевски, но и правни експерти во повеќе наврти јавно потенцираа дека екс премиерот и актуелен пратеник е изложен на видлив и класичен политички прогон и на политичка хајка, како и дека СЈО и судот се под голем политички притисок од актуелната власт за политичко елиминирање на Груевски, понижување, тортура со единствена цел, тој што побрзо да заврши во затвор.

Во меѓувреме кривичен совет во ОСС1 одлучува по жалбата на Груевски за одложување на извршувањето на затворската казна од 2 години, но се поверојатно е дека истата ќе биде отфрлена и можеби до петок, или најдоцна понеделник експресно да го испрати Груевски во затвор.

Денеска во Собранието е закажана комисија за одлочување по пратеничкиот имунитет на Груевски, а вечерва во 19 часот пред пред основниот суд Скопје 1 Скопје е закажан мирен протест за како што пишува „поддршка на Никола Груевски, против политичкиот прогон кон него и барање правда за него“.