Кејт Брнс положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија

Кејт Мери Бирнс положи свечена заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија

Брнс е амбасадорка од кариера и доаѓа од Атина каде што ја вршеше функцијата заменик амбасадор на САД во Грција од септември 2017 година.

Претходно таа била заменик-шеф на мисија и заменик-постојан претставник на Мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, Австрија.

За време на нејзината кариера, била советник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Мадрид, била виш цивилен претставник на Одделот за државни функции во оперативната група Бастон/Бронко во Авганистан.

Работела како советник за јавни работи во Мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија, од 2007-2010 година. Таа исто така ги претставувала интересите на САД во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција.

Брнс доаѓа на местото на Џес Бејли, кој од функцијата замина во март годинава.