Квотата за вработување на Албанците останува на 20%, за зголемувањето на 31,5 отсто потребни се законски измени

За џабе се радуваа на пописните резултати. Албанците ќе мора да почекаат за зголемување на квотата на 31,5 проценти за да се вработат на државно, односно во јавниот сектор. Министерот за информатичко општество Азир Алиу, тврди дека пресметката на неговиот претходник во новиот таканаречен балансер за зголемување на квотата не може да стапи на сила се додека не се најде ново законско решение.

  • Мојот пристап кон тоа решение на овој предизвик ќе мора да биде законско решение поради две работи: Балансерот е сзамо едно алатка на која вметнуваш влезни парамтри и ти дава изле и ние мораме на ниво на закон да го решиме. Ние ќе мора на основа на закон да го решиме, и ние и како Влада ќе работиме за да се изнајде решение“, вели АЗИР АЛИУ – Министер за информатичко општество.

Алиу бил свесен дека државните институции се преполни со луѓе кои се примени по етничка или било каква друга основа, наместо по квалитет, но не се откажува од намерата за качување на квотата.

Инаку, екс-министерот Алити, повикувајќи се на пописните резултати, направи пресметка според која сегашното решение од 20 проценти за вработувања треба да се зголеми на 31,5%. Но, во таа пресметка тој ги броеше не само албанците кои живеат во Македонија, туку и дијаспората, што за многумина е нелогично. Па уште на тој збир министерот си додал уште 2 проценти од оние 7 отсто кои го бојкотираа пописот.

Законските измени уште лани ги најавуваше и екс- министерот, бидејќи неговите пресметки беа спротивни на постоечкиот закон за вработените во јавниот сектор, а со тоа не се согласи ниту Државниот завод за статистика.

Закон за вработените во јавниот сектор, член 20-а, став 4:

 „Во институциите на јавниот сектор кои се основани од страна на централната власт а кои дејноста, односно надлежноста ја вршат на централно ниво и/или преку подрачните единици или други организациски единици на локално ниво, како основ за распределба на бројот на планираните нови вработувања по припадност на заедница, се земаат податоците од последно спроведениот попис на населението на Република Македонија за територијата на цела Република Македонија“

Денеска, јавната администрација сместена во 1354 државни и локални институции во Македонија брои 129 374 вработени, што во споредба со лани е 2714 помалку. Најголем процент се во образованието и здравството.

129 374 вработени во јавна администрација

60,7 локално ниво

39,3 централно ниво

Здравство 18%

Земјоделство 2%

Комунално 9%

Култура 3%

Образование 34%

Судство 2%

Труд и социјала 7%

Управа 13%

Останати дејности 4%

Викторија Миткова

Викторија Миткова

Advertisements