Кацарска предметот на Груевски за одложување на казната не го испратила до Врховен, причината Јанкуловска

Судијката Добрила Кацарска предметот на екс премиерот Никола Груевски за одложување на казната, не ја испратила до Врховен суд, оти чекала дали поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која имала предност доколку одлучи да се жали на второстепениот суд, рече денеска првиот човек на скопска единица, судијата Иван Џолев.

Рокот на Јанкулоска која беше издвоена во постапката за случајот Тенк, истекува на 6 ноември. Дури после тоа Кацарска ќе го испрати предметот на Груевски до Врховен. Но, одлуката на третостепениот суд може да трае со месеци, бидејќи ниту судот, ниту СЈО кои треба да дадат мислење за Груевски не се врзани со рокови.

Во меѓувреме екс премиерот треба да се јави на издржување на казната на 8 ноември, Џолев денеска потенцираше дека издржувањето не зависи од тоа дали ќе му биде одземен пратеничкиот мандат или не. Рокот за извршување на казната што обично трае и до неколку месеци, за Груевски беше скратен на 13 дена.

Поранешниот премиер за случајот во повеќе наврати посочи дека случајот е политички, а според него судиите само формално носат одлуки, односно дека инструкции стигнуваат од политичари.

Мери Ѓоргиевска