Кацарска контра граѓаните: Недовербата во судството не била реална

Кацарска не се чуствува одговорна за довербата од само 4 проценти на граѓаните во правосудниот систем. Напротив, претседателката на Уставниот суд верува дека граѓаните ја зголемиле довербата во Уставниот суд бидејќи со преполовен капацитет на судии тие успеале да одржат 42 седници што не било случај уште од 2009 година.

  • Уставниот суд е орган на државата, не е дел од правосудниот систем. Токму затоа оваа анкета не се однесува на Уставниот суд. Јас се надевам дека довербата на граѓаните во Уставниот суд е зголемена. Навистина верувам во тоа и со овие бројки што сега ги кажав покажавме дека и кога сме во неполн состав, односно кога бевме само пет судии, ние имаме оддржано најмногу седници а освен тоа се почесто се случува да укинуваме одредби од закони..“ вели Кацарска.

Биле решени околу 130 предмети, ама исклучително важните како Указот за прогласување на Преспанскиот договор и Законот за јазиците повторно остануваат во фиока бидејќи судот не бил во целосен состав. Токму за тоа дека Уставен работи со шест наместо со девет судии Кацарска повторно ги обвини пратениците.

  • Една година полна со неизвесност и oтежнато функционирање на Уставниот суд во вршењето на неговите надлежности но и година на посветеност, макотрпна работа и домаќинско менаџирање на Судот, како резултат на несебичниот ангажман на судиите и сите вработени. Темата со неизбирањето на судиите сẻ уште е сериозен проблем за Уставниот суд, но и дамка за угледот на државата, само затоа што пратениците се неодговорни спрема уставните обврски. Беа избрани двајца нови судии кон крајот на октомври, еден се пензионираше во декември, што значи во овој момент недостасува една третина од вкупно предвидениот број“ рече Кацарска.

Кацарска во мај годинава го повика на средба државниот врв за да им укаже дека доколку не се изберат уставните судии Македонија ќе влезе во Уставна криза. Сега вели нема потреба повторно да ги собира бидејќи им укажала на важните прашања.

Во законодавниот дом крајот на октомври беа избрани двајца нови уставни судии, Фатмир Скендер од скопска Апелација и советникот за граѓанско законодавство, Татјана Васиќ-Бозаџиева. За нив гласаа 64 пратеници додека еден се изјасни против.  Опозициската ВМРО ДПМНЕ не учествуваше во гласањето со оценка дека ова е „срамен избор со кој се дава етикета на партиско судство“. На 7 декември ѝ истекува мандатот на судијката Вангелина Маркудова.

Викторија Миткова

Advertisements