Катица Јанева си оди на работа – се уште не е повикана да даде исказ за „Рекет“

Кога шефицата на СЈО, Катица Јанева ќе зборува во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за својата вмешаност во случајот „Рекет“ не се знае. А како стојат работите нема ниту да се дознае, ако се оценува последното соопштение на Обвинителството.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапката нема однапред да споделува информации за дејствијата што ги презема во предметот, па така и за лицата што ги повикало или има во план да ги повика да дадат исказ. Со оглед на тоа дека се работи за предмет што предизвика голем интерес во јавноста, обвинителството во рамките на можностите ќе продолжи и понатаму да ги споделува сите информации што нема да наштетат на понатамошната постапка, велат од ОЈО.

Додека Обвинителството молчи за Катица Јанева, како најповикана во овој случај, таму исказ веќе дадоа даваше обвинителката Лиле Стефанова, чиј глас не се слуша во разговорите објавени од италијанскиот весник на „Ла Верита“, но за неа се зборува. Во еден од разговорите Камчев на Боки 13 му вели дека бизнисменот Чифлиганец за Стефанова му барал дуќан за стоматолошка ординација.

Камчев: Второ, не знам, женава влезена ли е во играва со нас? Оваа Лиле? Таа си ја тера својата работа. Башка, мене еднаш Чифлиганец кога ми се јави и ми бараше за нејзе дуќан за стоматолошки ординации, за глупости, за такви работи. Јас  од***в се тоа.

Боки 13: Кога било тоа?

Камчев:Пред да влезам внатре?

Боки 13:Јас не знам што било пред тоа

Камчев: Добро ние си разговараме, сега. Ја знае таа целата приказна…треба да биде мотивирана.

Во друг разговор пак Јанева му гарантира на Камчев дека ќе биде слободен и дека Стефанова е под негова контрола.

К.Ј. Јас сум многу зафатена, па не можам редовно да ја држам под контрола, инаку без мене она не може ништо.

Ј.К Така е, така е

Б.Ј Му кажав јас дека таа е под тебе и не може да прави ништо

К.Ј Да да

Б.Ј. Знам, му кажав

Ј.К Имајте убава вечер чао

Инаку Јанева по еднонеделниот одмор во понеделникот се врати на своето работно место во СЈО. Во „Рекет“ осомничени се Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, кои добија нови 30 дена притвор.

 

Матеја Петровски