Катица Јанева не пријавила во ОЈО дека е злоупотребено нејзиното име

Специјалната обвинителка Катица Јанева не пријавила во ОЈО дека некој го злоупотребува нејзиното име како што тврдеше на прес конференцијата, потврдија за Алфа извори од истрагата.
-До овој момент специјалната обвинителка се нема јавено како пријавител, ни рекоа од ОЈО.
Катица Јанева на прес конференцијата, меѓу другото рече дека не само лицето Бојан Јовановски туку и многу други го злоупотребувале нејзиното име и презиме за различни цели.