Катастрофален земјотрес во Филипини – има загинати и многу повредени

Земјотрес од 7.3 степени според Рихтер ги потресе Филипините на островот Лузон. Има загинати и повредени. Властите издадоа предупредување за цунами и свлечишта. Разурнати се домови, училишта, болници а поради одрони блокирани се мостови и патишта. Силниот потрес се почувствувал и до главниот град Манила оддалечен повеќе од 400 километри. Жителите во страв и паника ги напуштиле домовите.

Регистрирани се и неколку последователни потреси. Одредени места останале без струја, интеренет и телефон . Издадено е предуредувањет за цунами. Земјотресот се случил во 08ч и 40 минути изутрината, а претседателот на Филипините, наредил итно испраќање на спасувачки тимови и помош во провинцијата.

„Земјотресот беше посилен од вообичаеното. Ќе продолжиме да даваме информации како што ќе пристигаат. Оваа ситуација продолжува да се развива и така ќе биде и во следните неколку дена. Но, мислам дека сè што може да се направи е направено“, изјави Фердинанд Маркос Џуниор, претседател на Филипини.

Филипините се наоѓаат покрај Пацифичкиот „Огнен прстен“ каде што се случуваат повеќето земјотреси во светот. Исто така, секоја година земјата регистрира околу 20 тајфуни и тропски бури.

Бојана Златкова