Карневалско дефиле во Вевчани

Со зурли, тапани, песни и свечен василичарски амбиент почна традиционалната прослава на стара Нова година во Вевчани.Посетителите со нетрпение чекаат да ги видат маските кои се подготвуваат 365 дена.Дефилето на  василичарите се очекува да започне секој момент, а до тогаш во старите огништа ќе се приготвува кашаник –традиционален вевчански специјалитет кој се послужува со луканици , – вевчански домашни колбаси и  домашно биено сирење и кисело млеко. На маскенбалот уживаат бројни домашни и странски гости кои се напија и по  некоја чашка греена ракија. За некои карневалот е вистинско откритие.

  • Некој ми покажа фотографии на интернет  од вевчанскиот карневал се воодушевив колку е уникатно и старо ова картневалско случување кое ја продолжи традицијата дури и за време на оандемијата токму затоа дојдов.Овде се сите пријателски расположени и навистина се чувствува една пријатна возбуда. За мене како фотограф што ги следи карневалите низ светот, ова е бесценето искуство вели Герен Смит-фотограф од Амстердам:.

Карневалот ги воодушевува домашните политичари и преставниците на дипломатскиот кор,иако годинава како и лани министерството не оздвои ни денар за организација на карневалот.

  • Оваа е прва година нкога министерството за култура за жал обезбеди дури нула денари за одржување на оваа традиционална манифестација.Министерката за некултура ја покажа својата некултура како што тоа го напоравци напати во изминатиов период и покажа дека не министер на сите гарѓани и не е министер на сите општини изјави Христијан Мицкоски-председ.на ВМРО ДПМНЕ.

Вевчани живее за големиот христијански празник Свети Василиј – илјадници василичари под маски,ги  исмејуваат негативните  општествени појави но и актуелните политички случувања кои ја одбележаа годинава што измина.

  • Тој е медиум кој што ќе ја искритикува власта,она што се случувало негативно во целата година она од што не е задоволен самиот народ начинот на кој се практикува власта вели Спасе Кочовски-градоначалник на Вевчани.

Традиционалната прослава на стара Нова година во Вевчани, која кулминира со Василичарскиот карневал, надалеку ја прочу најмалубројната општина во Македонија.,сместена во пазувите на Јабланица. 

Росица Голабоска

Advertisements