„КАМ маркет“ ги замрзнува цените на 100 производи
„КАМ маркет“ ги замрзнува редовните цени на 100 производи со цел да им излезе во пресрет на своите купувачи за престојните празници и да го ублажи шокот предизвикан од инфлацијата. Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари 2023 година. На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз,свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена итн. – Замрзнувањето е во еден правец. Тоа значи дека во наведениот период редовните цени нема да се покачуваат, но во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и другите ресурси, тие може да останат исти или да бидат пониски. Со други зборови, на купувачите им гарантираме ниски редовни цени – велат од „КАМ“. Целта на оваа мерка е на граѓаните да им се овозможи поволно празнично купување и релаксирани празници. Мерката оди во прилог и на генералниот стремеж на „КАМ“ да обезбедува висок квалитет по ниски цени за своите купувачи.