„КАМ“ ги зголемува платите и исплаќа регрес од 33.000 ден. за годишен одмор на своите вработени

Независно од комплексните економски услови „КАМ маркет“, доследно ја спроведува сопствената политика на постојано зголемување на платите и надоместоците на вработените.
Ценејќи ја посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, „КАМ“ веќе во април реализира зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%.
Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари.

Малопродажниот дисконтен синџир број 1 во земјава, „Кам маркет“, покрај планираното зголемување на платите, на задоволство на вработените, отпочна со исплатата на регресот за годишен одмор за секој вработен во висина од 33.000 денари.

Поврзани вести