Калеска Ванчева: Криминал постоел и веројатно ќе постои

На темата „Борбата против корупцијата, поле за политичка афирмација или дисквалификација“ во Отворено на Алфа вечерва дебатираат пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска и пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева. Пратеничката на СДСМ кажа дека треба да се створи општествена клима за борба против корупцијата, но и дека криминалот постоел и ќе постои.

-Криминал постоело и веројатно и ќе постои, но јас говорам дали сме спремни тоа да го воочиме и спречиме. Но, сега велиме дајте да исчекориме заедно и да створиме општествена клима за ова општество да се борипротив корупцијата.

Таа се пожали и дека Антикорупциската комисија работела само официјално во минатите години.

Калеска Ванчева говореше и околу предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Национален совет за борба против корупцијата, кој ќе биде раководен од правобранител, заподобро справување со корупцијата. Таа вели дека ова е се уште предлог, но деказасега не може ниту да се прифати ниту одбие.