Калајџиев : Распад на системот, организираниот криминал e во тесна врска со политичкитe структури

Организираниот криминал има сериозни линкови со политичката елита, а судирот помеѓу Вилма Русковска и Арафат Муареми најпрво почнал во власта па се прелеал во Обвинителството и Финансиската полиција – коментира за Радио слободна Европа универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. Суспендирањето на Русковска но и молкот од надлежните според него укажува на распад на системот и затоа е потребно итно да заседава Советот за безбедност.

„Во моментот е загрижувачки тргањето на добар дел од практично половина од Обвинителството за организиран криминал, што е всушност распад на системот – како суспендирањето, така и оставката во Финансиската полиција. Малку е чудно што немаме, односно имаме молк од надлежните институции – Владата, Министерството за правда, па дури и претседателот“, изјави Гордан Калајџиев – универзитетски професор.

Според, Калајџиев, Русковска е жртва на некој што не сака или забранува да се истражуваат определени структури и затоа е суспендирана. Oчекувано би било, републичкиот обвинител да ги поддржи своите луѓе и да ги оневозможи притисоците врз нив, вели Калајџиев, но во овој случај Јовески како да застана на другата страна.

Тие што веројатно имаат моќ да влијаат и врз едните и врз другите, во конкретниов случај личи како обвинителите да покажале некој отпор, продолжиле со некои истраги за кои им било кажано да не ги водат или да ги сопрат и личи дека во конкретниот случај тие се повеќе жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури – вели Калајџиев.

Судирот ескалираше кога истражителите на Русковска минатиот месец ги тресеа канцелариите во Управата на Муареми. Екс директорот на Финансиската полиција сметаше дека процесот бил незаконски и поднесе претставки до републичкиот обвинител Јовески, судскиот Совет и Советот на јавни обвинители.  Претходно Русковска бараше Меѓународна помош за, како што откри, притисокот од власта откако Обвинителството со кое раководи откри низа криминали на високи функционери, а чашата ја прели истрагата за Муареми.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста