Калајџиев: Комплетно уништување на системот на Обвинителството кое доцни зад криминалот

Постапките нема да бидат ефикасни, на краток рок, и изопачен систем кој нема да му служи на правото на подолог рок. Вака универзитетскиот професор по кривично право Гордан Клајџиев ја гледа моменталната состојба во Обвинителството за организиран со кое сега раководи Трајче Пеливанов. По суспензијата на Русковска, предистрагите, истрагите и предметите ги наследува заменикот Пеливанов, но Советот на јавни обвинители го назначи за да прима пошта. Ќе се работи ли нешто во Организиран?

Може да се очекува конкретни последици за самите постапки, тие нема да бидат ефикасни или ќе има забошутување. На подолг рок кажува дека системот е комплетно изопачен и во суштина не служи на правото туку на некакви други интереси. Дали ние можеме да ја разоткриеме вистината и колку некој друг фактор надвор може да го реши ова не сум многу сигурен. Па очигледно се остварува најцрното сценирио на овој инцидент што се случи, внатреобвинителскиот судир и судирот на Обвинителството со Финансиската полиција. Прво истрагите што беа реални,  према лицата од Финансиската полиција, практично се сопрени. Имаме и една комична ситуација, пародија, заради некакви наводни пропусти во претресот, да се отвара кривична постапка и да се суспендираат обвинителките вели професорот Калајџиев.

За Калајџиев, неочекувана е ваквата реакција на главниот обвинител Љубомир Јовески, кој наместо да застане во одбрана на своите колеги, тој тргна контра нив. Целата реакција на системот е невообичаена, бидејќи, потенцира професорот, и претходно сме имале такви пропусти.

Тоа да не е трагично би било смешно. Комплетно едно уништување на системот. Системот доцни зад криминалот, обвинителите доцнат и тоа многу. Ваквите нови проблеми се навистина се непотребни и некој ден ќе треба да одговара за ова што се случува. Многу беше сомнително и како почна цената приказна, со една лажна приказна дека има големи злоупотреби кај обвинителите, се разбира, нив може да им се најдат мали пропусти, но верувајте јас сум експерт за кривично право, и ми беше сосема јасно дека тука нешто не е во ред – вели проф. Калајџиев.

Шефицата на организиран, Русковска зад себе ја остави истрагата за екс директорот на Финансова, Арафат Муареми како и истрагата за техничките центри при МВР. Но, Пеливанов само ќе треба да ги распредели по азбучен ред кај другите обвинители. Извесно е дека предметот за Муареми ќе падне во рацете на Лиле Стефанова, бидејќи таа е единствениот обвинител кој истражува полициски криминал.

Викторија Миткова

https://youtu.be/NSkLVTTIHBk