Како францускиот предлог го помина македонскиот филтер?

Драмата која ја покрена францускиот предлог почна пред повеќе од еден месец. На неколку недели пред крајот на француското претседателство, претседателот Емануел Макрон и официјално даде предлог под кои услови Македонија треба да ги стартува преговорите со Унијата, а Бугарија да го повлече ветото. И додека со денови македонските власти се правеа дека ништо не се случува и дека не знаат за неговата содржина, дел од деталите ги објави Бугарија и македонската опоцизија, која обелодени дека преговарачката рамка ќе ги содржи сите бугарски позиции и длабоко ќе ги премине македонските црвени линии.

Двете страни тактизираа. Македонските власти чекаа сите членки да се изјаснат, пред да ги искажат македонските ставови. И тогашниот бугарски премиер, чекаше Народното собрание да ја донесе одлуката пред да рече „за“ или „против“.

Својата неодлучност, Петков ја плати со политичка капитулација. Непосредно пред гласањето во Бигарското Собрание, пратениците изгласаа недоверба на неговата влада.

Против Францускиот предлог застана и поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, потписникот на Преспанскиот договор со кој се промени името на државата.

Прво против предлогот на Макрон се изјасни и претседателот Пендаровски.

По средбата со европските лидери во Брисел, премиерот Ковачевски одлучно кажа „не“.

И покрај одбивањето, Макрон оптимистички кажа дека двете страни се блиску до решение.

Експресно, уште истиот ден бугарското собрание му даде зелено светло на францускиот предлог, кој го зачини со уште 4 барања: вклучување на Бугарите во уставот на Македонија, не само во преамбулата, туку и во нормативниот дел, унилатерална изјава дека не го признаваат македонскиот јазик, . Директно од собранието, со пароли ни порачаа дека Македонија била бугарска.

И додека Макрон и неколку негови колеги во секој јавен настап не именуваа како „Северномакедонци“, ние сласбо реагиравме. На последниот ден од француското претседателство, Макрон ја шокираше јавноста откако кажа дека конечно двете страни нашле компромис.

Македонската Влада с еизјасни дека ќе има широка дебата по ова прашање, но во воздухот се навестуваше дека имаат намера не само да го прифатат предлогот, туку и да го заобиколат Собранието.

По ова и претседателот Пендаровски експресно го смени ставот.

Владејачките партии не сакаа да слушнат за референдум за францускиот предлог. Го криеја и се уште го кријат Протоколот кој треба да се потпише со Бугарија. Се погазија црвените линии за зачувување на јазикот, идентитетот и културата. Сите експерти масовно предупредуваа за предавството што значи потпис на овој предлог.

Македонците масовно излегоа на протести. Две недели секојдневно го искажуваа гневот поради францускиот предлог.

Откако Во Владата помина предлогот, стана јасно дека собранието само неформално ќе биде вклучено во овој процес, само да ги изгласа заклучоците кои и даваат насоки на владата како да се однесува во преговите.

Непосредно пред гласањето во Собранието, европските тешкаши со исто сценарио во дипломатска офанзива да не убедат дека друг избор немаме и дека македонскиот јазик без никакви фусноти влегува во Унијата. Вон Дер Лајен, Вархеји, Шолц, Мишел (05/07) , Сарацин се прошетаа во Скопје.

Сите апели на експертите беа за џабе. Вчера заклучоците поминаа во Собранието, а веќе за во вторник е закажана првата меѓувладина конференција во Брисел, по што ќе треба да се менува и македонскиот Устав.

Тања Попова

Поврзани вести