Како со 10.000 пензија да се платат лекови, сметки и да остане за јадење?

Од 10 илјади денари пензија 2000 денари даваат за лекови, a останатотo за сметки.  Пензионерите во Македонија гладуваат поради ваквата математика и немањето доволно пари за да купат храна чија цена секојдневно расте.  Највозрасните македонски граѓани мака мачат секој месец како да преживеат.

  • Велат ако сум купил порано два литра млеко сега еден литар. И кај други артикли е намалена количината. Не можат да стигнат да ги купат тие производи. 3.38 Има пензионери кој што искрено кажано позајмуват. И се жали, вика да ми дадеш малку помош барем да вратим еден заем. А заем сум зел барем да се снабдувам со одредени артикли кои се неопходни за нормален живот.

Секојдневното зголемување на цените на храната најмногу ги мачи пензионерите. Многу тешко се справуваат.

  1. Никој досега и не обратил пажња на пензионерите. Цените растат, дали пензиите се покачени , минимална плата со 11 илјади дали некој може да излезе на крај. Еве ја лично 11 илјади имам.
  2. Сите се жалат и тоа е. Цените на производите ? Високи. Каде е чарето? Ништо се крпат. 00.27
  3. Не работаат луѓето. Земјата ја оставија сите, за грев. Кога ќе дојдеше есен, полни им беа тракторите со свешто, а сега не работаа, спија.
  4. Ние знаеме како се справуваме. Со 200 евра.  40 години сум работел. 200 евра пензија. И нека му мислат тие владателите, а море комши.
  5. Пензија се многу ниски, а сите артикли отидоа горе. Како се справуваат пензионерите? Ништо крпат, ич не чини работата.

Големо е незадоволството кај пензионерите што општеството не најде начин повеќе да го вреднува деценискиот труд на овие поранешни работници.

  • Владава за нас не е заинтересирана воопшто, нашиот крај комплетно, ние како пензионери се чувствуваме многу лошо. Ние го дадовме трудот наш, 40 години, и на крај на 40 години земаш една минимална пензија која не можеш на крај да излежеш ова е малку ставрно тешко. Овде кога доаѓаат пред изборите ни доаѓаат сите партии, во нашето Здружение и сите ни ветат од земја до небо. А крајот ни е нула.

Карактеристично е што градот наш Тетово е со работници, биле порано, сега се пензионери. Тетекс фабриката, Единство, Кожара, Медицинска пластика сите имале ниски примања. И кога излегле во пензија сите излегле со ниски пензии. Денеска се соочуваме со таквите пензионери кои навистина не може крај со крај да поминат.

Во Македонија има над 300 илјади пензионери, од кои половината земаат минимални износи. 90 илјади луѓе имаат пензија до 11.500 денари, а 70 илјади луѓе земаат до 14 илјади денари. Најниска просечна пензија е земјоделската 8.484 денари.

Александар Самарџиев