Како Заев и Димитров се откажаа од топонимите со парафот во Нивици?

Нова политичка реалност или отстапки каде никој не ни побарал – Македонија ја испратија во историјата, а и се обврзале наместо Солун да изговараме Тесалоники, Кукуш стана Килкис и во Македонија, а Лерин е Флорина. Македонската политичка тројка Заев, Димитров и Османи ја ставија Македонија во јазична стапица откако македонската Влада се испазари за нешто кое не беше ниту предмет на преговори низ годините.  По потписот во Нивици пред четири години не само во македонските учебници туку сите грчки географски поими мора да ги користиме онака како што ги нарекува јужниот сосед.

Откажувањето од топонимите значи и бришење на дел од културата и историјата на еден народ, категорични се јазичарите. Македонија би била единствена држава која се откажува од своите егзоними на територијата на Грција, анализира професорката Елка Јачева Улчар.

И покрај тоа што договорот според слободно толкување на чл.8 и Македонија и Грција имаат право да ги користат изворните топоними во другата земја, македонската влада тоа право не го користи во име на добрите односи.

Секоја од страните ќе се придржува кон препораките на Конференцијата на ОН за стандардизација на географските имиња во однос на употребата на официјалните географски имиња и топоними на територија на другата страна, давајќи притоа приоритет на користењето на ендоними, наместо егзоними, стои во чл.8 ст.4 од Договорот со Грција.

Но не само од топонимите, тогашниот премиер Заев се откажа и од Македонците од Егејска Македонија, иако тоа не беше дел од текстот на договорот.На грчката национална телевизија Заев уште пред стапување на сила на договорот порача дека Македонците во Грција не се Македонци, туку наши пријатели кога одиме во Тесалоники.

Со ставањето на потпис на Преспанскиот договор, Заев се обврзал дека мора да го признаеме автентичното име кое матичната земја го има за одреден град, село, место, па и на трибини Заев за градот Солун, го употребуваше грчкиот топоним Тесалоники.

Ивана Соколовиќ Најдова

Поврзани вести