});

Како да се стават под контрола охридските педалинки?

Охридската капетанија бара модел како педалинките да ги земе под своја надлежност.Сите пловила кои нема начин да се контролираат, треба да се стават во законска рамка, од аспект кој може да ја обавува таа дејност и да се воведат критериуми кои издавачите на педалинки ќе мора да ги почитуваат. Сега никаде не е дефинирано кој го врши техничкиот преглед на педалинките.

Единствена земја каде се врши технички преглед на овие реквизити без моторен погон,е Швајцарија-појаснува првиот човек на Капетанијата.

„И ние рамислуваме на таа тема значи,да изготвиме еден акт со кој што педалинките ќе ги гледаме од технички аспект. Меѓутоа педалинката во најголем дел од земји во светов, поготово во Европа,само Швајцарија е единствена која ги третира на тој начин.Се третираат како реквизити за забава на вода, односно велосипед на улица.За велосипед на улица нема технички преглед“ – Горан Устијаноски, Капетанија на пристаништа.

За поголема безбедност во користењето педалинки,ќе мора се изнајде начин,бидејќи сега од една страна никој не води грижа за исправноста на педалинките, а од друга-нема кој да ги котролира и санкционира оние кои ги издаваат ваквите реквизити.

„Педалинките кои што се издаваа на охридсково крајбрежје еден огромен дел со честа на исклучоци,се наоѓаат во очајна состојба.Значи тоа  се педалинки со постар датум на производство милиони пати кршени лепени,прелепувани и тоа уште споено со без совесност на некои издавачи, може да доведе до катарстрофа“ – вели Устијаноски.

Стравувањата се обистинија, токму поради ваквото безредие кое владее на охридско-струшкото крајбрежје, се удави младото момче од Куманово кое од педалинката со која се возел со другарите, во еден момент се лизнал и паднал во вода.Алармот на капетанијата и Црвениот крст нема кој да го слушне.Постојано укажуваат дека овие реквизити не се безбедни, лесно потонуваат,а на нив не ретко се возат и по 10 деца.Најчесто малолетници и лица кои што се непливачи, без заштитни елеци скокаат во вода одалечувајќи се и повеќе од стотина метри од брегот.

Педалинките ги има и на плажи кои не ги исполнуваат условите за безбедно капење и рекреација,кои не се обележани, а немаат ни спасители,бидејќи никој не ги ангажирал.Токму на небезбедна плажа се удави младиот кумановец. Првата спасителна служба која веднаш интерневирала, била на 600 метри од оваа на која се случи несреќата.

Росица Голабоска