Како да се заштите од променливото време кое влијае врз вашето здравје?

Cите со нетрпение го очекувавме убавото време и сонцето, но сепак разликите во утринските односно вечерните и дневните температури го намалуваат чувството на уживање.

Ваквите промени најмногу ги погодуваат личностите што патат од хронични болести на срцето и крвните садови, астма, ревматски заболувања, артритис. Токму истите најчесто се жалат на зголемен крвен притисок, отежнато дишење, болка во коските или белези од операции.

Но, ако немате вакви проблеми, не значи дека не ги чувствувате проблемите. Периодов речиси и да нема човек што не се пожалил на несоница, раздразливост, напнатост, физички замор, односно умор без голем замор, малаксаност, главоболки, вртоглавици.

Сè ова се симптоми што метеоропатите ги чувствуваат, но како да го пребродите периодот?

Има начин, ви нудиме неколку добри совети:

– Намалете го стресот и големите напори, во спротивно симптомите ќе бидат уште поизразени.

– Туширајте се со топла и студена вода, на тој начин ќе ја подобрите циркулацијата.

– Уживајте во сауна, доколку сте во можност. Научници откриле дека најмалку метеопати има помеѓу луѓето кои редовно одат во сауна, бидејќи нивното тело веќе се навикнало на нагли промени на температурата. 

– Пијте многу течности. Истражувања покажале дека недостатокот на течности односно вода во организмот е една од водечките причини за појава на главоболки.

– Намалете го внесот на кафето или газираните сокови, тие го дехидрираат телото. 

– Чајот од маточина со мед е одличен во борба против заморот и глабоволките. 

– Чаевите од камилица или нане, го смируваат организмот и го подобруваат сонот.

– За да ја разбистрите главата, на марамче ставете неколку капки масло од лаванда, па одвреме навреме доближувајте го до носот и убаво вдишете.