Како да се заузда инфлацијата-експертите предупредуваат дека предизвикот ќе не чини многу скапо

Зголемувањето на јавниот долг предизвикува поголеми проблеми во фискалниот простор и со толкаво задолжување и буџетски дефицит  тешко е дека државата може да направи било што за да го стабилизира растот на инфлацијата.  Народна Банка пристаи кон зголемување на основната каматна стапка од 0,5 процентни поени до 3 процентни поени  како монетарна мерка по примерот од другите светски банки , која може да резултира со стабилизирање на растот на инфлацијата дури во вториот квартал од 2023 години.

Нашата централна банка постапи кон зголеување на референтнтана каматна стапка со што се очекуваа постепено поскапување на парите и намалување на парите во оптек што на еден среден рок ќе изврши делумно ублажување на инфлаторните шокови. Се разбира многу по ефикасна би била монетарната политика доколку причините за инфлацијата би биле на страната на побарувачката овдека се работи за елементи на страната на понудата, енергенсите , нафтата еве сега и електричната енергија. Оваа борба ќе биде прилично неизвесна, вели Проф. Зоран Ивановски.

Најголем придонес за растот на домашната инфлација, има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија, објаснуваат од Народна Банка.

Колку ќе се успее да се заузда инфлацијата со зголемување на основната каматна стапка  со оглед на директното влијание на енергенсите е многу тешко да се предвиди, а зголемената потрошувачка на електрична енергија во текот на зимата може да доведе и до дополнителен раст на инфлацијата.

Знаеме дека задолжувањето и зголемување на долгот во услови на корона кризата дополнително го зголемува проблемот така што покрај дефицити имаме и проблем на големиот долг, прилично се мали шансите да олејуваме државата да ја превенира инфлацијата  Мерките на централната банка ќе дадат резултат но никој не миоже да биде сигурен од оваа страна на понудата каде цените на енергенсите директно ја стимулираат инфлацијата. Зголемената електрична енергија која се движи во зимските месеци одговара за понатамошен раст на инфлацијата. Одредено смирување би можеле да очекуваме во вториот квартал на 2023, додава Ивановски.

Во моментов Македонија се справува со најголемата економска – енергетска криза од втората светска војна . Како резултат на зголемените цени на енергенсите компаниите ги зголемуваат цените на производите што исто ја стимулира инфлацијата. За обезбедување на електрична енергија се надевававме на поддршка од Бугарија. Власта уверувашер дека оттаму ќе набавуваме певтина струја за потребите на стопанството, но досега нема конкретен договор.

Кристина Алексиеска