Како да препознаете тивок срцев удар

Тивкиот срцев удар може и да не се се забележи поради неговите симптоми кои не се исти како кај класичниот срцев удар. Многу луѓе веруваат дека срцевиот удар може да биде пропратен со силна болка во градите, но тоа не е счучај и со тивкиот инфаркт кој предизвикува мачнина и вртоглавица.

Како симптоми се јавуваат попреченост при земање здив и непријатни болки во делови на телото како што се градите, вратот, рацете, вилицата или стомакот. Но, и симтоми поврзани со желудникот како што се: мачнина, нагон на повраќање и грозница.

Иако заморот е честа појава кај некои луѓе, сепак доколку таа појава е со засилен интензитет тоа може да биде знак дека нешто се случува.

Вообичаено овие симптоми се појавуваат кај постарите луѓе, особено оние над 75 годишна возраст и тоа повеќето се жени отколку мажи.

Тоа е така бидејќи кај жените најчесто се јавува проблем со малите крвни садови, а тивкиот инфаркт најчесто е резултат на тоа.

Она што е опасно кај оваа појава е тоа што доколку остане неоткриена , пациентите нема да ја примат соодветната терапија.

Имено, се лечи на истиот начин како како и обичниот инфаркт. А, се појавува поради пушењето, прекумерната тежина, високо ниво на холестерол, поголем крвен притисок и недоволно движење.