Како Владата дојде до одлуката да ја продолжи учебната година до 14 јуни?

Без консултации и поконкретно логично објаснување, Министерството за образование ја продолжи учебната година до 14 јуни. Очигледно е дека кога се одлучувало за продолжување, учениците не се консултирани, а тоа значи кршење на правата на децата.

 Конвенцијата за правата на детето ги задолжува државите потписнички, а со тоа и Македонија да ги вклучува децата во прашања кои се од нивен интерес, како што е ова на пример. Доколку децата не се вклучени, тогаш се прекршуваат одредбите од Конвенцијата за правата на детето, која во член 12 предвидува дека секоја држава на детето кое е способно да формира свое сопствено мислење му обезбедува право на слободно изразување на тоа мислење за сите права кои го тангираат, посветувајќи му должно внимание, информираат за Алфа од Детската амасада Меѓаши.

Во меѓувреме,  надлежните немаат решение за изгубените часови за лажните бомби, а прашање е на денови кога пак ќе почнат да се испраќаат нови дојави. Средношколците апелираат брзо да се изнајде модул како ќе се обработат овие часови, без продолжение на учебната година.

Ако се запрашаме зошто ја продолжуваме годината воопшто тоа е бидејќи имавме продолжување на зимскиот распуст за неколку дена и константи дојави за бомби во првото полугодие. Изминативе неколку години гледаме дека цело време се крои се прекројува учебната година, што покажува дека како општество не го сфаќаме образованието како колективен приоритет . Сојузот закажува генерално собрание за следната недела, каде што нашите претставници од цела Македонија ќе разговараат да изнајдеме модалитет како да се надополнат чсовите изгубени од бомбите, особено за матурантите бидејќи тој материјал ќе го полагаат во мај/ јуни, вели Лука Павичевиќ од Сојузот на средношколци.

Надлежните прво рекоа оти се одложува почетокот на второто полугодие заради заштеда на  греење, потоа заради празникот Водици, ама на крајот, во отсуство на план за надоместок на изгубените часови, децата го извлекоа подебелиот крај, па ако не се смени одлуката остануваат во клупи до 14 јуни.

Кристина Алексиеска

Advertisements