НАЈНОВИ ВЕСТИ

Каде ќе се закопаат угинатите свињи поради африканската чума?!

И по девет дена од појавата на болеста Африканска чум во фарма во село Таринци,се уште не може да се одлучи каде ќе  бидат закопани околу 9000 свињи кои ќе треба да бидат еутанизирани. Во соопштението кое денеска Агенцијата за храна и ветеринарство го лиферуваше до медиумите пишува дека заедно со локалната самоупрва и Инспектортот за животна средина ќе се разгледаат двете предложени локации од Советот на Општина Карбинци. Ваквата информација го збуни Христијан Симов, преседателот на Советот на Општина Карбинци, бидејќи на вонредна седница одржана во петокот не е донесена одлука за две, туку само за една локација и тоа во близина на село Горни Трогерци, каде што во радијус од еден километар нема објекти .  Каде ќе се закопат свињите е сериозен проблем за општината, а според градоначалникот Паунов, пропустот е направен во минатото кога се издавала А интегрираната дозвола.

  „Пропустот е направен во минатотот. Од институциите издадена е А интегрирана дозвола, без  да се предвиди локација за ваквов случај е пропуст за кој некој треба да сноси одговорност во следниот период„ изјави градоначлникот на Карбинци, Виктор Паунов.

Минатиот четврток во вечрните часови во близина на индустриската зона мештаните успеаја да ги сопрат багерите кои копаа јама. Жителите на двете села Таринци и Нов Караорман, но и локалната самоуправа  остро остануваат на ставот дека доколку надлежните ја изберат локацијата во близина на индустриската зона, ќе се предизвика хаварија која ќе има последици со сериозни размери.

Александра Ристевска